Loading Video...
Кошарка
14. August 2020 - 10:14

Портланд и Мемфис ќе разигруваат за место во НБА плеј-офот

Познати се двата тима кои ќе играа во така-наречениот плеј-ин, одосно разигрувањето за последното слободно место кое носи пласман во плеј-офот на НБА лигата, како и паровите за првото коло во разигрувањето.
 
Тимовите на Потрланд и Мемфис ќе разигруваат за осмото место во Западната конференција, односно комплетирање на списокот на екипи кои ќе играат во плеј-офот. 
 
Ова е епилогот по одиграните синоќешни четири натпревари во кои исто толку тимови влегоа во трка за двете позиции односно осмото и деветото место кое носи нова шанса преку така-наречениот плеј-ин дуел. 
 
По победите на Феникс над Далас со 128-102 и Мемфис кој го совлада  Милвоки со 119-106, екипата на Сан Антонио само формално го одигра дуелот со Јута која славеше со 118-112. Имено, „Спарси“ и без тоа веќе ја загубија и теоретската шанса за деветото место, а со тоа и за прв пат по пауза од 1997 година нема да бидат дел од плеј-офот. 
 
За него ќе игра Портланд кој во неизвесен меч го победи Бруклин со 134-133 и го освои осмото место. 
 
За влез во плеј-офот на „Блејзерси“ ќе им биде доволна една победа во дуелот со Мемфис , а доколку го загубат мечот закажан за сабота (20.30 часот) тогаш ќе имаат и втора можност и тоа ден подоцна, во недела (22.30)
 
До крајот на регуларниот дел од сезоната остануваат уште пет натпревари кои ќе се одиграат вечерва и рано утре, а стартот на плеј-офот е закажан за понеделник 17 август.
 
Во него веќе се познати се сите двојки за првата рунда во Источната конференција, во која ќе играат: (1) Милвоки – (8) Орландо, (2) Торонто – (7) Бруклин, (3) Бостон – (6) Филаделфија и  (4/5) Мајами – (4/5) Индијана 
 
На западот, останува да се види само кој ќе му биде противник на прво пласираниот ЛА Лејкерс, односно тоа ќе е победникот од плеј-ин мечот меѓу Портланд и Мемфис. Останатите двојки се: (2) ЛА Клиперс – Далас, (3) Денвер – (6) Јута и (4/5) Оклахома – (4/5) Хјустон.