Македонија
24. February 2020 - 11:50

Посетител во затворот Идризово се обидел да внесе кокаин

При редовна посета на осудено лице во затворот Идризово, косовски државјанин се обидел да внесе кокаин.

Според соопштението на обвинителството, на 31 јануари, тој при влезот во установата, на затворскиот полицаец му предал пакет наменет за осудено лице, во кое имало и една јакна. По извршениот претрес на пакетот, во внатрешниот џеб од јакната во најлонско пакување обвиткано со селотејп била пронајден кокаин со вкупна тежина од скоро 90 грама.

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство до Основниот кривичен суд во Скопје поднел обвинение против косовскиот државјанин за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. 

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определната мерка притвор за обвинетото лице, со оглед на тоа што и понатаму постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото што му се става на товар, се вели во известувањето од обвинителството.

 

Зоран Јаневски