Loading Video...
Кошарка
19. February 2019 - 16:01

Последен тренинг на кошаркарите пред замунувањето за Романија

Македонските кошаркари вечерва (18 часот) ќе го одработеа и последниот тренинг пред во Скопје, заминувањето во Романија каде в четврток ќе го одиграат последниот натпревар од вториот круг пред-квалификации за ЕП 2021 година. 
 
Иако со некомплетен состав, недостасува селекторот Давитков и Американецот, Ричард Хендрикс кој на тимот ќе му се приклучат директно во Романија, во таборот на црвено-жолтите владее оптимизам дека овие квалификации може да бидат заокружени со максимален ефект
 
Нашите кошаркари утре изутрина че патуваат за Поешети каде ќе го одиграат дуелот против Романија закажан за во четврток во терминот од 17 часот. 
 
Првата меѓусебна средба нашите кошаркари ја добија со 14 поени разлика, па математиките велат, дека доколку сакаме да останеме први и да се квалификуваме до главната квалификациска фаза, покрај победа ни одговара и пораз не поголем од 14 поени.