Бизнис
4. December 2022 - 16:39

Последно предупредување од ЕВН за долгот на јавните институции

Факултети, затвори, судови и  студентски  домови можат да останат во мрак.  ЕВН утре ќе им прати предупредување пред исклучување поради неплатени сметки.

Должат милионски суми, со години не плаќале струја. Во време на енергетска криза, неплаќањето нема да се толерира., велат од ЕВН. Листат на должници од државните институции е долга, а вкупниот долг на сите заедно изнесува 40 милиони евра.

Од нив, само Клиничкиот Центар и МЖ Транспорт имаат долг од 13,5 милиони. За Клинички владата вели дека ќе покрие дел, но ќе бара одговорност од сите кои не плаќале сметки. Не само за струја, должат и за вода и гас

Наредната недела ќе се разгледа предлог одлуката да се алоцираат пари од буџетот. Исто така добивам задолжување и од Владата и од премиерот да направиме анализа на целиот сектор, зошто таму долгот расте и по други основи што е сигнал дека не е добро поставен системот и не се работи економично и ќе мора да се најде решение“ – вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во меѓувреме, високите сметки за струја ги натераа граѓаните да штедат. Готват, перат,уклучуваат бољер,  најчесто на евтина тарифа. Според податоците на Регулаторната Комисија,  домаќинставта ја намалиле потрошувачката во скапа тарифа за над 16%., што за првиот човек на РКЕ, значи успешна реформа.

„Реформата е успешна, блок тарифите даваат резултати и ја постигнуваат таргетираната цел за рационално користење на електрична енергија. Принципот кој троши повеќе да плаќа повеќе, а кој троши помалку, да плаќа помалку – има ефект“, вели Марко Бислимоски, претседател на регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, се наведува во соопштението.

По истиот принцип, веќе се работи за воведување блок тарифи и за компаниите кои се на регулиран пазар. Со ова би се спречило големите компании  од слободниот пазар да се префрлат на регулираниот, каде ценатат е пониска и субвенционирана од државата. Лидерот на опозицијата пак, смета дека бизнисот не добива субвенционирана струја, туку  известување дека ако сама не се врати на слободниот пазар – ќе плаќа – ќе биде исклучена.

Бизнисот не доби субвенционирана струја, напротив од страна на ЕВН секоја компанија денеска добива писмо со предупредување дека ако не се врати на слободниот пазар од 1 јануари ќе биде или исклучена или ќе биде снабдувана по многу висока цена.

Ние бевме тие кои што предложија до владата пакет мерки во енергетиката. Првата мерка беше сите компании, јавни претпријатија кои што се занимаваат со водостопанска дејност тука се вклучени и пречистителните станици и третманот на отпадни води да добијат повластена цена затоа што ако не добијат повластена цена овие компании трошоците ги декларираат пред регулаторна комисија, регулаторна комисија ќе утврди повисоки цени, а тие цени на крајот од денот ќе ги плаќаат граѓаните и стопанството односно истиот овој бизнис и тоа не послушаа, тука не послуша, морам да признаам и тоа го поздравивме - изјави Мицкоски

Поради високата цена на струјата на светските берзи,, околу 12,000 компании незаконски се префрлиле од слободниот на регулираниот пазар. Владата им даде рок – ако сами не се вратт, од 1 јануари ЕВН ќе ги исклучи од системот