Балкан
22. February 2019 - 11:06

Последно збогум за Шабан Шаулиќ: Семејството, пријателите, кумовите и естрадата на комеморацијата - нема кој не е во солзи

Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, кој загина во неделата на 17. февруари, ќе биде погребан на Новите гробишта, а во `11 часот ќе биде одржана комеморацијата во свечената сала на Општината во Белград. Неговото тело е донесено со авион вчера од Германија и веќе се наоѓа во капелата. 

Во салата каде што ќе се одржи комеморацијата веќе пристигнале пријателите, колегите и обожавателите на неговите дела.