Постапка против битолчанка поради непочитување на задолжителната домашна изолација
Основното јавно обвинителство Битола поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
-Обвинетата 34-годишна битолчанка не постапила по Решението на Државниот здравствен и санитарен инспекторат – Сектор за инспекциски надзор ПО Битола, со кое на 15 јули била ставена под здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена од последниот контакт со лабораториски докажано лице заболено со заразна болест чиј причинител е коронавирусот КОВИД-19. При извршена проверка од полициски службеници од СВР Битола на 17 јули, обвинетата не била затекната во нејзиниот дом, сопшти Обвинителството.
Надлежен јавен обвинител на Основниот суд Битола му предложи за обвинетата да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една глоба да се определи на 20 евра во денарска противвредност.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари