Македонија
5. March 2021 - 8:28

Потпишување на договор од проектот „По КОВИД: Општините како двигател на одржливиот развој“

 Програмата за развор на ОН (УНДП) и Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа денеска ќе потпишат Договор за соработка во рамките на проектот „По КОВИД: Општините како двигател на одржливиот развој“.

На потпишувањето ќе присуствуваат министерот за локална самоуправа Горан Милевски, постојаната претставничка на УНДП во земјава Нарине Сахакјан и Директор на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи.

Во рамките на овој проект УНДП и Владата ќе соработуваат во воведувањето на иновативни модели за меѓуопштинска соработка со фокус на финансиски менаџмент, правичен развој, градење на отпорност кон кризи, заштита на животната средина, транспорт и опоравување од социоекономските ефекти на пандемијата.

Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој ќе бидат главните партнери на УНДП во креирањето и спроведувањето на политики за меѓуопштинска соработка кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на јавните услуги, особено за групите на граѓани кои се најтешко погодени од КОВИД-19 кризата.