Свет
25. May 2021 - 9:14

Повеќе од 1.550 Арапи уапсени во судирите во Израел во изминатите две недели

Повеќе од 1.550 Арапи се уапсени во судирите во Израел во изминатите две недели, и израелската полиција соопшти дека ќе продолжи да ги приведува осомничените за немирите и да ги изведе пред суд.

Поднесени се досега околу 150 обвиненија. Арапските територии во Израел беа место на бројни протести против израелските воени напади против Палестинците во Појасот Газа и Источен Ерусалим.

На почетокот на овој месец, тензиите ескалираа на палестинските територии по одлуката на израелскиот суд за иселување на палестински семејства од нивните домови во областа Шеик Jара на источен Ерусалим во корист на Израелци.

Ситуацијата ескалираше откако израелските безбедносни сили пукаа со гумени куршуми и шок-гранати кон палестинските верници во џамијата Ал-Акса во Ерусалим.

Најмалку 230 Палестинци се убиени, од кои 65 деца, а уште 1.710 ранети од почетокот на конфликтот на 10 мај.