Повеќе од еден месец нема огревно дрво во Гевгелија
По истекот на 2018 година гевгеличани многу тешко или речиси никако не можат да купат огревно дрво на стовариштето на Шумското стопанство „Кожуф“ во Гевгелија.
Директорот на гевгелиската подружница Драги Попов, ваквата состојба ја образложува со фактот дека тие работат според план и програма што ја добиваат од дирекцијата на ЈП „Македонски шуми“ од Скопје и оти истата за 2018 година е стопроцентно реализирана.
– Сите склучени договори со синдикатите, пензионерите и физичките лица целосно ги исполнивме до 31 октомври 2018 година. Според нив продадовме над 25 илјади просторни метри огревно дрво од кои преку стовариштата во Гевгелија и Миравци 12.306, преку селска сеча 8.170 и на шумско камионскиот пат се продадени 4.900 просторни метри огревно дрво, рече Попов.
Покрај ова, посочи Попов, временските прилики во јануари беа неповолни за сеча и дотур на огревно дрво што е уште една причина зошто нема огревно дрво на стовариштето во Гевгелија.
Сепак, според шумските работници, моментната состојба во Гевгелија за нив е најдобар показател дека подружницата треба да иницира и побара зголемување на квотата за сечење огревно дрво годинава затоа што се поголем е бројот на граѓани кои користат огревно дрво за затоплување на своите домови.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација