Македонија
8. March 2019 - 10:35

Повреден маж од Булачани пренесен на клиника

На 07.03.2019 година во 18:45 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во с.Булачани патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од Д.Б.(28) од с.Булачани-скопско удрило во Б.Р.(59) од с.Булачани-скопско кој туркал мотокултиватор.

Во негодата со повреди се задобил Б.Р. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде констатирани му биле тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.