Loading Video...
Македонија
19. September 2020 - 21:24

Повторно македонци се вмешаа во претседателските избори во САД

Американските медиуми повторно со прст покажуваат кон македонските интернетџии обвинувајки ги за мешање во изборите. Лажните вести на велешаните се уште се во свежо сеќавање на американците, а сега е киднапирана фан страницата на прес-секретарката на белата Кука, Кајли МекЕнани која има над 400 000 членови. Истрагата покажа дека таа била менаџирана од Македонија, од извесен Мики Јовановски. Фан страните скроени за една цел кои потоа се полнат со пропагандни содржини, па и за избори се секојдневие и кај нас, вели Филип Стојановски од Метаморфозис.

Западните медиуми ја предимензионираа приказната за македонските тинејџери од Велес кои со лажните вести извршија влијание на американските избори во 2016-та,  вели Стојановски. Такви случаи, посочува тој, има во целиот свет. Но, токму македонската ќе има и филмски епилог.

Експертите за социјални медиуми, Бојан Кордалов не е зачуден зошто токму во Македонија се генерираат вакви веб и фб страници.

Кордалов вели дека  работите се менуваат во интернет- сферата, а просторот за ширење лажни вести се намалува.

Американските избори ќе се одражат на трети ноември, а според последните анкети во водство е кандидатот на Демократите Бајден со 50 проценти, додека за републиканецот Трамп се изјасниле дека ке гласаат 43 проценти од испитанците.