-->
-->
Поз позиција за Квартараро во Португалија
-->
Возачот на Јамаха, Фабио Квартараро, од пол-позицијата ќе ја започне утрешната трка за Големата награда на Португалија. Францускиот возач, со време 1:38.862 минути, ја обезбеди 11.пол-позиција во кариерата.
Пол-позицијата на Квартараро, ја овозможи одлуката на дирекцијата на трката. Тие откако заврши квалификациската сесија, го поништија кругот на Франческо Бањаја. Италијанецот постиви рекорд на патеката 1:39.494 минути. Според дирекцијата на трката, најдоброто време Бањаја го поставил кога на патеката било истакната жолто знаме, поради излетувањето на Мигел Оливеира.
Се очекува, тимот на Дукати, за поднесе жалба на оваа одлука.
Зреќа немаше ниту Маверик Вињалес. Него му беа поништени два круга, поради што ќе стартува веднаш зад Бањаја, од 12.место.
Првиот ред на патеката „Алгарве“, заедно со Квартараро го компетираа Алекс Ринс (Сузуки) и Жоан Зарко (Прамак Дукати). Зад нив се Џек Милер (Дукати), Франко Морбидели (Петронас Јамаха) и повратникот во Мото ГП Марк Маркез (Репсол Хонда).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција
-
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"
-
Четврти ден штрајк на приватни специјализанти
-
Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток
-
Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот
-
Соработувале со Русите и планирале да ја саботираат армијата, Германија уапси две лица
-
Приведени крадци во Битола
-
Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол