Македонија
25. February 2020 - 14:53

Пожар меѓу селата Рибарци и Паликура

Пожар избувна на неколку места меѓу селата Рибарци и Паликура. Од Територијалната противпожарна единица Кавадарци за МИА потврдија дека на терен се три тима пожарникари со три возила.

Горат сува трева, шамак  и грмушки, но пожарникарите прават напори огнот да не се прошири и да го локализираат.

Апелираат за внимателност при горење на отпад од нивите, особено на ветровито време. На самото место е и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.