Македонија
3. February 2018 - 12:12

Пожар утринава во Топанско Поле - гореше автомобил среде паркинг

Во населбата Топанско Поле утринава избувна пожар во автомобил паркиран на паркингот на улицата „Методија Митевски“.

Полициски единици и екипи на Противпожарната единица веднаш пристигнаа на лице место и работат на локализирање на пожарот.

Причината за настанување на пожарот сѐ уште не е утврдена.