Македонија
9. December 2019 - 17:10

Пожар во стан на „Рузвелтова“ - полициски службеник и еден станар пренесени на клиника

Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во зграда на ул.„Рузвелтова“, настанал пожар во стан на петтиот кат, сопственост на Ч.Б.(58) од Скопје. Притоа, била зафатена и терасата на шестиот кат.

Пожарот бил локализиран од екипа Противпожарната бригада Скопје. Повредени лица нема, а еден од станарите и еден полициски службеник биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје поради вдишување чад.