Македонија
19. May 2016 - 12:04

Пожар во викендица кај Љубаништа на Охридското Езеро

Пожар избувна доцна синоќа во вила во викенд-населбата кај селото Љубаништа, на источниот брег на Охридското Езеро.

Пожарот бил пријавен некаде еден час пред полноќ, по што Територијалната противпожарна служба интервенирала со три возила. Пламенот бил набрзо локализиран и изгаснат.

Повредени во пожарот нема, освен предизвиканата материјална штета. Причините за избувнувањето на пожарот ќе ги посочи истрагата.