Свет
23. December 2017 - 20:35

Пожар во зоолошка градина, го гаснеле 70 пожарникари- едно животно исчезнато

Повеќе од 70 пожарникари се обидуваа да го изгаснат пожарот што избувна утрово во зоолошката градина во Лондон.

Нема информација дека некои од животните настрадале во пожарот, само едно се води за исчезнато.

Пожарот избувна во кафулето и продавницата кои се дел од зоолошка градина, соопшти противпожарната служба.

Вработените во зоолошката градина ги преместиле животните на безбедно место, а околу три часа подоцна пожарот бил локализиран.