Фудбал
7. December 2018 - 14:01

Познати двојките за полуфиналнето во фудбалскиот Купот на Македонија

 

 
 
 
Денеска во Фудбалската Федерација на Македонија беа извлечени двојките за полуфиналиналната рунда во Купот на Македонија.
 
Екипата на Беласица ќе биде домаќин на Македонија Ѓорче Петров во првиот меч од полуфиналната рунда, во која Академија Пандев ќе ја пречека прилепска Победа која во претходната рунда го елиминира минатогодишниот победник во Купот, тетовска Шкендија. 
 
Првите натпревари од полуфиналето на Купот на Македонија ќе се  играат на 27 февруари следната 2019 година, додека реванш дуелите на програмата се на 10 април.