Loading Video...
Ракомет
6. December 2019 - 14:32

Познати сите учеснички на главната фаза на женскиот ракометен Мундијал

На женското Светско ракометно првенство што се одржува женското во Јапонија денеска познати се сите 12.репрезентации кои ќе играат во главната фаза
 
Со три директни дуели кои се одиграа денеска познати се сите 12 репрезентации кои обезбедија пласман во втората главна фаза на женскиот ракометен Мундијал
 
Србинките со победата над Словенија 29-27 го одвоија третото место во групата А и им се приклучија на Норвежанките и Холанѓанките во следната рунда
 
На ист начин и Романките стигнаа до место во следната рунда откако во дуелот со Унгарките славеа победа со 28-27, па заедно со Шпанија и Црна Гора од Ц групата ќе играат во главната фаза. 
 
Последниот патник е Данска која во дербито од Б групата со Франција славеше со 20-18  . Од оваа група својот пласман веќе го имаа обезбедено Јужна Кореја и Германија исто како и Русија, Шведска и Јапонија кои без проблеми ги освоија првите три места во  последната Д група 
 
Главната фаза на шампионатот започнува утре, а првопласираните две селекции од новоформираните две групи ќе обезбедат директен пласман во полуфиналето.