Ракомет
17. May 2017 - 13:50

Познати термините за ракометниот Куп на Македонија

Ракометната федерација на Македонија ги објави термините за одигрувањето на натпреварите од завршницата на Купот на Македонија во машка и во женска конкуренција. 
Мажите во сабота на 20.мај ги играат полуфиналните дуели. Во Битола во првото полуфинале од 17:30 часот играат Еурофарм Работник – Охрид, а во второто полуфинале е дуелот меѓу бранителот на трофејот Вардар и Металург. Почетокот на овој дуел е во 20:30 часот.
Финалето се игра во недела (21.мај) со почеток во 16:30 часот. Сите дуели ќе се играат во салата„Младост“ во Битола.
Завршницата на женскиот куп ќе се игра во салата во населбата Автокоманда во Скопје. Во петок на 19.мај од 13:30 часот е дуелот меѓу Металург и Прилеп, а во терминот од 16:30 часот играат: Гевгелија и барнителот на пехарот Вардар.
Во сабота (20.мај) од 12:30 часот се игра финалето во женска конкуренција.