Македонија
12. July 2015 - 11:07

Пратеничката Мехмети на Конференција во Луксембург

Во рамките на Луксембуршкото претседателство со Европската унија, претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на РМ, Ермира Мехмети, од денеска до 14 јули ќе учествува на Конференција на Комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ - КОСАК, во Кралството Луксембург.

На Конференцијата ќе се расправа за приоритетите на Луксембуршкото претседателство со Советот на Европската унија, за што ќе има обраќање премиерот на Кралството Луксембург, Хавиер Бетер.

Исто така, предвидено е да се одржи расправа и за можностите за унапредување на политичкиот дијалог со воведување на таканаречената „Зелена карта“.