Македонија
26. December 2019 - 16:51

Пратенички прашања во Собранието

Претстојните избори во фокусот на последните пратенички прашања за оваа година. Дали премиерот ќе прифати да биде мандатар и доколку изгуби на изборите, која партија има предност кај граѓаните, медиумското рекламирање...

Околу овие прашања власта и опозицијата разменуваа остри ставови и реплики.       

За ВМРО ДПМНЕ спорни се предизборните анкети кои покажуваат водство на владејачката партија. Премиерот беше прашан и дали прифаќа да конкурира за мандатар, но да не биде носител на кандидатската листа за пратеници, или да биде т.н “шпицен кандидат” на претстојните избори.

Самоуверени во победа на 12-ти април, пратениците дебатата ја насочуваа кон тоа која партија направила повеќе за граѓаните.

Седум дена до предвиденото напуштање на функцијата, премиерот Заев тврди - доколку ВМРО ДПМНЕ дојде на власт, ќе се наруши меѓународниот кредибилитет на земјава, а ќе се нарушат и меѓуетничките односи.

Претениците од опозицијата, пак, ги искористија последните пратенички прашања, да го потсетат Заев на нереализираните ветувања.