Македонија
7. May 2021 - 16:35

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од утре до крајот на мај во посета на 500 села

Опозициските пратеници тргнуваат во обиколка на Македонија. Во рамките на акцијата пратениците со народот, од утре од крајот на мај ВМРО-ДПМНЕ има план да посети 500 села низ земјава и да ги слушне проблемите на сите граѓани.

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да им се извини на граѓаните за блокадите во Собранието

„Најавата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ги посетеле домовите на граѓаните е добра прилика тие да им се извинат и да им објаснат зошто кочат важни закони во Собранието.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните кои ги гласале и кои преку Буџетот ги плаќаат треба да објаснат зошто работат против интересите на државата.“ – велат од СДСМ во писмена реакција.

Во владејачката партија сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе биде во опозиција.