Македонија
2. јуни 2017 - 14:46

Пратеникот Артан Груби доживеа сообраќајка

Утрово околу 10 часот пратеникот од редовите на ДУИ, Артан Груби доживеа сообраќајна несреќа, во која е причинета само материјална штета, пишува порталот Тетовасот, пренесува Денешен.

Груби за порталот Тетовасот вели дека несреќата се случила на улицата Варшавска, каде за среќа нема повредени туку е причинета само материјална штета.