Пратеникот Мухиќ на конференција на Парламентарното собрание на Франкофонијата – Регион Европа
Пратеникот и потпретседател на Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата Ферид Мухиќ денеска ќе учествува на конференцијата на Парламентарното собрание на Франкофонијата – Регион Европа (ПСФ – Регион Европа) што се одржува во Брисел.
Оваа конференција се одржува по повод 20 Март – Меѓународниот ден на Франкофонијата и ќе се дебатира за состојбата на употребата на јазиците во институциите на ЕУ, геостратешките предизвици на јазиците и за промоција на мултилингвизмот во Европа.
На учесниците на оваа седница ќе им се обрати шефот на Мисијата Европа на Парламентарното собрание на Франкофонија Жан-Пол Вал, генералниот секретар на Парламентарното собрание на Франкофонијата Жак Крабал, претседателот на Секцијата на Националното собрание на Франција Бруно Фухс, претседателот на Белгиската секција во ПСФ Хамза Фаси Фири, Луј Мишел, поранешен комесар на ЕК и пратеник во Европскиот парламент и бројни експерти.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација