Македонија
23. January 2018 - 15:01

Пред споменикот на Александар Македонски грчката војска порача „ Македонија е грчка“

Огромна поддршка од „врвот“ на државата добија масовните протести кои се одржаа во Солун против употреба на терминот Македонија во името на нашата држава .

Освен тоа што излегоа да протестираат илјадници граѓани под мотото „ Постои само една Македонија а тоа е грчка“, огромна поддршка дадоа грчките здруженија, политички партии, спортски и христијански здруженија, метрополити и градоначалници. Помеѓу другите, голема поддршка даде и грчката војска.

Пред споменикот на Александар Македонски, грчката војска оддаде почит на македнскиот војник и истакна дека Македонија е Грчка.

На протестот се појавија и грци вооружани и во униформи на андартите од 19 век. Тоа се луѓе кои во Егејскиот дел на Македонија ги палеа селата и вршеа асимилација на македонското население.

Инаку на протестот во Солун освен тоа што учесниците порачаа дека Македонија секогаш ќе биде грчка беше запалено и македонското знаме.

По масовниот протест во Солун, грчките здруженија и организации најавуваат нов протест. По мотото „ Македонија е грчка“ се упатува повик на 4 февруари да излезат сите граѓани во градот Атина.