Македонија
16. December 2017 - 16:07

Пред Влада на Република Македонија се одржа протест поради високата загаденост на воздухот во Скопје

Со маски и транспаренти, родители со деца, граѓани од сите генерации и различни професии денеска протетираа за чист воздух пред Владата.

Побараа од надлежните да го решат проблемот со загадувањето. Иако се очекуваа многу повеќе луѓе на протестот имаше 100 до 200 лица, а од друга страна неделава кога беше екстремно загадено социјалните мрежи беа преплавени со коментари. 

Подршка на протестот дадоа и од детската анбасада Меѓаши кои исто така ја подржуваат иницијативата за бојкот на наставата во среда поради алармантното аерозагадување, и бараат прагот на алармирање од 200 да се спушти на 75 микрограми на метар кубен штетни ПМ честички.

Вчера од Владата презентираа итни мерки за справување со аерозагадувањето, но тие ќе стапат на сила само ако 2 дена по ред воздухот е загаден 4 пати над дозволеното. Тогаш се препорачува хронично болните и трудниците да бидат ослободени од работа, градскиот превоз ќе биде бесплатен, инспекциските контроли засилени, а индустриските капацитети треба за 50 проценти да го намалат производството.