Македонија
10. December 2024 - 16:52

Предлог буџетот за следната година на пленарна седница

Економијата се раздвижува, растот забрзува, невработеноста се намалува. Резултатите одат во нагорна линија, а бројките ќе бидат подобри следната година. Личната потрошувачка ќе биде солидна,  бруто инвестициите ќе растат, крупни инвестициски прокети ќе се реализираат. Ова се аргументите на власта дека предлог буџетот е скроен врз реални показатели 

За опозицијата, вака скроениот буџет е резултат на неодговорност, а зголемениот буџетски дефицит е показател дека власта не знае да управува со јавните финансии. Ако бидат вклучени и прикажани и доспеаните, а неплатени долгови, реалниот буџетски дефицит ќе изнесува 9,8%.  Овие бројки, според Битиќи се алармантни.

Тоа значи реалниот буџетски дефицит изнесува 101 милијарда денари. Овој буџетски дефицит не одговара на реалноста, а зголемениот дефицит ќе значи зголемени долгови, кои пак ќе предизвикаат повисок даночен товар за работниците, за пензионерите, за социјалците, за сите кои живеат овде,  изјави Фатмир Битиќи, пратен од СДСМ

Срамно е да зборувате за зголемен буџетски дефицит кога вие 7 години на власт постојано го зголемувавте, изјави Малиша Станковиќ. Социјалситчка партија

Од СДСМ негодуваат што до сега ниту еден амандамн поднесен од нив, власта не го  прифатилаАмнадман за повисоки плати на полицајците, на пожарникарите, на работниците, повисок надомест за социјална заштита, повисоки плати за работниците. Власта ништо не прифати и ова се нема случено во историјата  на македонското Собрание., изјави Јована Тренчевска, пратеник од СДСМ  

Дебатата како ќе се трошат 6,5 милијарди евра следната година, ќе трае најмногу 5 дена.