Македонија
6. November 2019 - 18:04

Прегазен пешак во Гостивар

Денеска во СВР Тетово било пријавено дека околу 14 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, патничко моторно возило „сеат ибица“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(66) од гостиварска Долна Бањица, удрило во пешакот Р.С.(55), од Гостивар.

Пешакот бил пренесен во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата врши екипа од Полициската станица Гостивар.