Македонија
21. December 2018 - 10:25

Прегазена жена во Гостивар, почина на самото место

Вчера во 13.40 часот било пријавено дека во Гостивар, на улица „Браќа Ѓиноски“ товарно моторно возило „Мерцедес“ со приколка со гостиварски регистерски ознаки, управувано од А.Т.(51) од Гостивар, удрило во пешакот П.Ц.(65) од Гостивар.

Од здобиените повреди на местото на настанот починала П.Ц.

Извршен е увид на местото на настанот.

Се работи на расчистување на случајот.