Македонија
28. May 2018 - 11:03

Прегазено 10-годишно дете во Скопје - итно пренесено на Клиника

Вчера  во 13 часот и 13 минути во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека на улица „Александар Урдаревски“,имало сообраќајна незгода.

Имено В.В. (32) од село Мирковци, скопско, управувајќи патничко возило „Мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, удрило во 10-годишно момче од Скопје, кое возело велосипед, се вели во соопштение од полицијата.

При ударот детето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.