Македонија
23. September 2019 - 10:45

Прегазено 11-годишно дете во гостиварско додека возело велосипед

Вчера во 15.20 часот на крстосница од регионалниот пат Гостивар- с.Градец и локалниот пат за с.Пожаране се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо 206“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(51) од с.Врапчиште и велосипед управуван од 11- годишен малолетник од с.Топлица.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.