Македонија
22. October 2017 - 11:39

Прегазено 6 годишно девојче, со тешки повреди пренесено во Ургентен

Шест годишно девојче е тешко повредено откако во истото удрило автомобил „Рено“.

Несреќата се случила вчера околу 8:45 часот во Штип на крстосницата со улиците „Черења“ и „Косовска“.

Триесет и две годишниот К.Т. од Штип управувајќи го возилото удрил во девојчето кое се здобило со тешки повреди и било пренесено во штипската болница. Поради сериозноста на повредите детето е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје каде е задржано на лекување.