Loading Video...
Свет
4. November 2024 - 17:00

Преглед на вестите од светот

Неколку часа пред изборниот ден никој не се осмелува да прогнозира кој ќе биде идниот американски претседател. Како никогаш досега сите анкети покажуваат дека Трамп и Харис водат мртва трка, а разликата во клучните држави е во рамки на статистичка грешка. Водство под 1% Харис има во Мичиген и Висконзин, додека слично минимално водство Трамп има во Аризона, Северна Каролина и Џорџија. 

Исти бројки двајацата кандидати имаат во Пенсилванија, државата со најголем број електорски гласови која најчесто го одредува победникот. Вниманието го привлече последната анкета во Ајова, државата која Трамп со голема предност ја освои во последните два изборни циклуси, сега покажува предност на Харис. Анкетата Трамп ја нарече лажна. 

„Тие само објавија лажна анкета. Еј, размисли - непосредно пред изборите дека имам три поени, не сум долу во Ајова“.Денес дојдов со порака за надеж за сите Американци. Со вашиот глас во вторник ќе ја окончам инфлацијата. Ќе ја запрам инвазијата на огромен број криминалци кои доаѓаат во нашата земја. Ви благодарам многу, Камала и Џо, и Ќе го вратам американскиот сон и ќе го вратиме посилно од кога било досега, порача Трамп од Пенсилванија.

На последниот митнг пак Харис се фокусираше на војната во Газа.

И сакам да кажам, оваа година беше тешка, со оглед на размерите на смртта и уништувањето во Газа и со оглед на цивилните жртви и раселувањето во Либан, таа е поразителна. И како претседател, ќе направам се што е во моја моќ за да ја прекинам војната во Газа, да ги вратам заложниците дома, да го прекинам страдањето во Газа, да се осигурам дека Израел е безбеден и да се осигурам дека палестинскиот народ може да го оствари своето право на достоинство, слобода и безбедност. и самоопределува, кажа Харис

Поради тесните анкети безбедносните сили во Вашингтон се во состојба на готвоност. Огради и барикади се поставуваат пред Белата куќа и резиденцијата во која живее Харис, а зградите ги обезбедуваат и агенти на тајната служба. Глетката е особено интересна за туристите.

„За самите избори, возбуден сум. Јас сум многу уверен во, за кого ќе гласам, и мислам дека е одличен момент за нашата земја и за светот. Слободни, фер избори - знаете, мирна транзиција. Како и да дојде, мислам дека така треба да биде и многу сум убеден дека ќе биде“, вели турист од Њу Џерси

Ја доживувате атмосферата на изборите. Многу е различно од тоа како обично се во мојата земја. Секогаш сум љубопитен да видам како се прават работите во другите делови на светот, вели турист од Шпанија.

Утре над 158 милиони Американци ќе го избираат новиот претседател, додека повеќе од 75 милиони веќе го искористија правото за предвремено гласање и по пошта. Новоизбраниот претседател функцијата ќе ја превземе во јануари следната година.