Преглед на вестите од светот
43 демонстранти се приведени, повеќе од 32 полицајци и демонстранти се повредени во нередите што избија за време на антивладини проетсти во гланвиот град на ГРузија. Синока илајдници луѓе излегоа на улиците во Тблиси по одлуката на владата да ги запре преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на 2028 година, како и дотогаш да не прифака субвнеции од буџетот на ЕУ.
-Ние сме лути. Овој гнев се собираше меѓу луѓето и сега е денот. Денеска решија да стават крај на нашата историја, сето она што го постигнавме во изминатите 30 години.
-Тие јасно кажаа дека не сакаат да имаат никаква врска Европската Унија. Мислам дека ова не прави да се чувствуваме многу безнадежно, но во исто време мислам дека стануваме посилни поради тоа.
-Ова е толку непочитување кон нашата култура, кон нашиот народ, кон сите околу нас.
Проевропската претседателка Саломе Зурабишвили се приклучи на протестите. Прекинот на преговорите со ЕУ го нарече уставен удар. Премиерот Иракли Кобахидзе објасни дека неговата влада ја донела одлуката да ја замрзе кандидатурата за ЕУ на четири години, откако Европскиот парлемент донесе резолуција во која бара поништување на октомврски парламентраните избори на кои победи владејќката партија Грузиски сон и нивно повторно рапсишување во рок од една година. Европратенциет бараат и ЕУ да воведе сакнции на главните луѓе на Грузиски сон. Централнаат изборна комисија ја прогласи проруската Грузски сон за победник со освоени 54 отосто од гласовите. Опозицијата тврди дека гласањето било наместено со помош на Русија а меѓународните набљудувачи пријавија повекекратно гласање, полнење гласачки кутиии и и насилство врз набљудувачи.
Пет и пол години по разорниот пожар, катедралата Нотр Дам една од најзначајните градби во Франција конечно е реновирана. Ќе биде отворена за јавност од 7 декември. Францускиот премиер Макрон, заедно со дел од француските медиуми, утрово имаше можност да направи обиколка на внатрешноста на средновековниот објект. Според Макрон, сега катедралата е дури и поубава од претходно.
Реновирањето чинеше 700 милиони евра, обезбедени со донации од целиот свет. Над 2.000 инженери, градежници и други експери беа вклучени во реновирањето. Пожарот во Нотр Дам избувна на 15 април 2019 година, додека се работеше на реконструкција на неговата надворешност. Пламените јазици уништија поголем дел од внатрешноста на катедралата, а еден од спасените симболи е статуата на Богородица. Што е причината за пожарот сеуште не е познато.
Израелскиот премиер Бејамин Нетањаху и се закани на либанската милитантна група Хезболах дека ќе ја продолжи војната во Либан доколку го прекршат примирјето. Соопшти дека и дал инструкции на армијата да биде подготвена во случај милитнантите да не го почитуваат прекинот на огнот. 60 дневното примирје стапи на сила во средата и генерално се почитува, со малку повредени. Се повеќе раселени Либанци се враќаат кон домовите на југот на Либан, игнорајќи ја наредбата на израелската армија дека се уште не е безбедно да се вратат дома.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар