Loading Video...
Свет
10. October 2025 - 16:39

Преглед на вестите од светот

Прекинот на огнот во Појасот Газа официјално почна напладне по локално време. Израелската војска се повлече на договорените линии а Хамас до понеделник треда да ги ослободи  преостанатите 48 заложници, за кои се верува дека 20 се живи. Ова доаѓа откако израелската влада го одобри договорот со Хамас  за првата фаза  од  мирорвниот план на Трамп за Газа.

- Во последните две години се боревме за да ги постигнеме нашите воени цели, а една од централните цели е враќањето на заложниците - сите, живи и мртви. Не можевме да ја постигнеме без извонредната помош на претседателот Трамп и неговиот тим - Стив Виткоф и Џаред Кушнер, изјави Бенјамин Нетањахум премиер на Израел. 

Покрај прекинот на огнотот, враќање на заложниците и повлекување на израелските трупи на договорени линии, првата фаза предвивува и Израел да ослободи околу 2000 палестински затвореници и влез на хуманитраната помош во енклавата. 

- Ќе бидат ослободени 250 херојски палестински затвореници кои беа осудени на доживотен затвор, покрај 1.700 затвореници од Појасот Газа кои беа уапсени по 7 октомври, покрај ослободувањето на сите деца и жени. Добивме гаранции од браќата посредници и од американската администрација, од кои сите потврдуваат дека војната е целосно завршена, изјави Халил ај Хаја, лидер на Хамас 

Белата куќа соопшти дека Соединетите држави ќе испратат околу 200 војници во Израел за да го надлегуваат спроведувањето на договорот и тие нема да влегуваат во Газа. 

Лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо е добитничка на овогодишната Нобелова награда за мир. Таа ја доби наградата за нејзините напори во промовирање на демократијата и човековите права во Венецуела и за водење на мирна борба во обид да се стави крај на авторитарното владеење во земјата, соопшти Норвешкиот нобелов комитет.

- Таа ја добива Нобеловата награда за мир за нејзината неуморна работа во промовирањето на демократските права за народот на Венецуела и за нејзината борба за постигнување праведен и мирен премин од диктатура во демократија. Марија Корина Мачадо е еден од најнеобичните примери на граѓанска храброст во Латинска Америка во последно време. Г-ѓа Мачадо беше клучна обединувачка фигура во политичката опозиција која некогаш беше длабоко поделена, опозиција која најде заедничка основа во барањето за слободни избори и претставничка влада. Токму ова лежи во срцето на демократијата.

Нобеловата награда за мир ја посакуваше и Трамп, кој неодамна изјави дека ја заслужува и дека би било навреда за САД ако не ја добие наградата. Белата куќа ја критикиваше одлуката на Нобеливиот комиетет, да и ја додели нагарадата на Мачадо а не американскиот претседател.

Претседателот Трамп ќе продолжи да склучува мировни договори, да завршува војни и да спасува животи. Тој има срце на хуманитарец и никогаш нема да има некој како него што може да поместува планини со чистата сила на својата волја. Нобеловиот комитет докажа дека ја става политиката пред мирот“  се вели во соопштениито на Белата куќа.