Македонија
30. March 2017 - 8:57

Прекин на сообраќајот Мелнички Мост-Дебар поради асфалтирање

На патниот правец Мелнички Мост -Дебар поради изведување градежни работи на пат (асфалтирање), денеска и утре сообраќајот ќе биде во прекин од 13:00 до  16:00 часот, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата