Македонија
2. January 2019 - 12:24

Прекин на сообраќајот на Регионалниот пат „Градско – Прилеп“ кај Камен дол

 Сообраќајот на регионалниот пат„ Градско-Прилеп’“ кај м.в. Камен дол од 11:30 часот е во целосен прекин поради сообраќајна незгода.

Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија, сообраќајот се пренасочува по земјен пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, се наведува во соопштението од АМСМ.