Македонија
6. December 2024 - 20:38
Прекина бојкотот во ОУ „Лазо Ангеловски“
Бојкотот во основното училиште Лазо Ангеловски е прекинат. Над 1,500 ученици од вторник се враќаат во редовна настава, одлучи Советот на родители. Во текот на денешниот ден нов тим составен од страна на Центарот за социјални работи, бил во школото и донел заклучот детето да продолжи со онлајн настава до крајот на полугодието. Во меѓувреме ќе се изврши соодветна проценка за заштита на детето, како и за останатите деца во одделението.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->