Балкан
12. February 2016 - 20:54

Прекинат сообраќајот на граничниот премин Евзони во Грција

Од 19 до 22 часот вечерва во целосен прекин ќе биде сообраќајот при влез и излез од Грција на граничниот премин Евзони, поради штрајк на грчките земјоделци.

Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија, прекинот е поради блокада, односно поставување на земјоделски машини преминот.