Македонија
22. February 2020 - 11:37

Прекршочни пријави за пет активисти заради цртање графити на зградата на Министерството за екологија

Вчера во 17.10 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје поточно во Министерство за Екологија, Е.Д.(26) од Неготино,С.Ц.(22) од Битола, И.Б.(34) од Скопје, Ј.Н.(19) од Скопје, како и една 16 годишна малолетничка од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир по чл.27 од ЗППЈРМ со испишување на графити во вид на дланки од раце на прозорците на Министерството за Екологија и натпис на плочникот пред прозорците со цел покренување акција за Еколошка свест.

Сочинети се пет записници за констатиран прекршок против лицата.