Преку Мој ДДВ скенирани девет милиони фискални сметки
Од стартот на мерката Мој ДДВ од почетокот на минатиот месец досега се скенира девет милиони фискални сметки, а остварениот промет е околу 4,7 милијарди денари.
-Започна реализацијата на клучната мерка Мој ДДВ со која 15 отсто од платеното ДДВ им се враќа на граѓаните. Со тоа кај секое физичко лице се враќаат до 7.200 денари. Досега скенира се речиси 9 милиони фискални сметки со остварен промет од околу 4,7 милијарди денари. Истовремено растат платите во јавниот сектор, како и пензиите , а првпат кадарот во градинките доби покачување од 16 отсто или околу 3.000 денари повисока плата, истакнува директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска при посета на Штип.
Таа посочи дека првпат државата директно враќа пари назад на сметките на граѓаните.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење