Фудбал
15. March 2016 - 19:55

Премиер лига: Лестер минимално го совлада Њукасл

Лидерот на табелата во Премиер лигата, тимот на Лестер синоќа го победи Њукасл со 1:0 и ја врати разликата на пет бодови во однос на второпласираниот Тотенхем.

Стрелец на победничкиот гол беше Шињи Оказаки во 25.минута.

Во рамките на 30.коло одиграни се уште четири дуели:
Норвич – Манчестер Сити 0:0,
Стоук – Саутемптон 1:2,
Бурнемут – Свонси 3:2 и
Астон Вила – Тотенхем 0:2.

Другите натпревари се одложени поради настапот на премиерлигашите во ФА купот.

Табела: Лестер 63 бодови (30 натпревари), Тотенхем 58 (30), Арсенал 52 (29), Манчестер Сити 51 (29), Вест Хем 49 (29), Манчестер Јунајтед 47 (29), Саутемптон 44 (30), Ливерпул 44 (28), Стоук 43 (30),...