Фудбал
20. September 2015 - 19:57

Премиер лига: Манчестер Јунајтед победи на гости кај Саутемптон

Со победата од 3:2 на гостувањето кај Саутемптон и новите три бодови Манчестер Јунајтед се проби на втоарата позиција на табелата од Премиер лигата. Два гола во победата на „црвените ѓаволи“ постигна Антони Марсијал, а стрелец на третиот гол беше Хуан Мата, додека двата гола за Саутемптон ги постигна Грацијано Пеле.
На другите два дуела одиграни денеска: Ливерпул – Норвич 1:1, Тотенхем – Кристал Палас 1:0.
На вчера одиграните дуели: Челзи – Арсенал 2:0, Астон Вила – ВБА 0:1, Бурнемут – Сандерленд 2:0, Њукасл – Вотфорд 1:2, Стоук – Лестер 2:2, Свонси – Евертон 0:0 и Манчестер Сити – Вест Хем 1:2.
Табела: Манчестер Сити 15 бодови, Манчестер Јунајтед 13, Вест Хем 12, Лестер 12, Арсенал 10,...