Фудбал
15. September 2015 - 8:38

Премиер лига: Пајет со два гола го „реши“ Њукасл

Екипата на Вест Хем ја постигна и третата победа во Премиер лигата откако синоќа на домашен терен го победи Њукасл со 2-0. Стрелец на двата гола во 9 и 48.минута беше Дмитри Пајет. 

По двата пораза сега Вест Хем „врза“ две победи (Ливерпил и Њукасл) и се проби на 5.место на табелата, додека Њукасл со два бода и најслаба гол разлика е последен на табелата.

Резултати од 5.коло:

Вест Хем – Њукасл 2:0,

Астон Вила – Лестер 2:3,

Сандерленд – Тотенхем 0:1,

Манчестер Јунајтед – Ливерпул 3:1,

Арсенал – Стоук 2:0,

Кристал Палас – Манчестер Сити 0:1,

Норвич – Бурнемут 3:1,

Вотфорд – Свонси 1:0,

ВБА – Саутемптон 0:0 и

Евертон – Челзи 3:1.

Табела: Манчестер Сити 15 бодови, Лестер 11, Манчестер Јунајтед 10, Арсенал 10, Вест Хем 9, Кристал Палас 9,...