Фудбал
23. November 2015 - 23:05

Премиер лига: Сандерленд го изненади Кристал Палас

Екипата на Сандерленд успеа да ја постигне втората победа сезонава во Премиер лигата откако вечерва славеше победа од 1:0 на гостувањето кај Кристал Палас на последниот натпревар од 13.коло. Стрелец на единствениот гол беше Џермејн Дефо во 80.минута.

Со овој триумф Сандерленд направи скок од едно место и сега со 9 бодови се наоѓа на 18.место на табелата.
Кристал Палас со 19 бодови остана на 10.место на табелата.
Табела: Лестер 28 бодови, Манчестер Јунајтед 27, Манчестер Сити 26, Арсенал 26, Тотенхем 24, Вест Хем 21, Евертон 20, Саутемптон 20, Ливерпул 20,...