Премиер лигата суспендира судија поради навреди кон Ливерпул и Клоп
Здружението на англиски фудбалски судии го суспендираше прволигашкиот судија Дејвид Кут (42) откако на социјалните мрежи се појави видео во кое тој ги навредува Ливерпул и поранешниот тренер Јирген Клоп.
„Суспензијата стапува во сила веднаш, до завршување на истрагата. Нема да даваме дополнителни коментари додека процесот не заврши“, објави Здружението.
На видеото се гледа дека Кут користи погрдни зборови за Ливерпул и германскиот стратег
Не е јасно кога е снимено видеото и нејзината автентичност.
Се шпекулира дека видеото се однесува на мечот од Премиер лигата на кој Кут беше главен судија меѓу Ливерпул и Барнли во јули 2020 година, а кој заврши нерешено 1-1. Клоп по натпреварот јавно го критикуваше Кут, обвинувајќи го дека не ги казнувал прекршоците врз играчите на Ливерпул.
Кут е премиерлигашки судија од 2018 година, а минатиот викенд го водеше натпреварот помеѓу Ливерпул и Астон Вила (2-0).
Ново на Сител
-
Бектеши: Поттикнувачи на поделбите меѓу етничките заедници се политиката и институциите
-
ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол
-
Жена, развој, рамноправност | Дороти Пачкова | Личен развој | Sitel Podcast 073
-
Земјите од ЕУ потрошиле 6,5 милијарди евра на играчки во 2023 година
-
Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово и на Стража, магла до 50 метри има на Плетвар
-
Осумгодишно дете повредено поради ,,Супермен челинџ''
-
Косово забранува продажба на енергетски пијалаци на лица под 18 години
-
Мицкоски-Касаноф: Европските интеграции остануваат врвен стратешки приоритет, САД цврсто стојат зад Северна Македонија