Македонија
22. May 2020 - 20:49

Премиерот Спасовски ги брани новинарите од своите министри

Премиерот ги брани новинарите од сопствените министри. Несоодветно било однесувањето на Ангеловска  и Бектеши, кои вчера наместо одговори на прашањата кога мерките од третиот сет ќе можат да ги користат граѓаните -  се служеа со констатации, навреди и цинизам.

Несоодветно, разговарав со нив и побарав да исконтактираат со вас и ќе мора да имаат поинаков начин на комуникација. Без разлика колку сме под притисок, мора реакцијата да е пред емоцијата, истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Се уште не се знае кога најавните ваучери од 150 евра за купување домашни производи, како и ваучерите за туризам, ќе им бидат достапни на посиромашните. Спасовски вели – Уребите ќе се носат за секоја мерка посебно.

Според најавите, консултациите со банките кои треба да ги изработат картичките се уште траат. Се бара начин како корисниците да не аплицираат лично, туку преку системот на УЈП  да се прави проверка кои граѓани  можат да добијат државна помош. Најверојатно, преку впишување на матичниот број во системот на министерството за информатичко општество, ќе знаат дали им следува ваучер.  Од овие картички нема да можат да се вадат пари од банкомат. Можно е ваучерите да бидат готови до крајот на јуни или јули.