Македонија
27. September 2019 - 16:50

Премиерот Заев од ООН: Со Преспанскиот договор е комплетирана личната карта на државата

Премиерот Заев за првпат во генералното собрание ја преставуваше земјата под новото име. Од говорницата на ОН во Њујорк, тој потсети дека во сила стапи спогодбата од Преспа, со што е решен повекедеценискиот спор со Грција.

Пред присутните делегати Заев објасни што за земјата значи овој договор

- Конечно ја комплетиравме нашата лична карта во ОН. Покрај името Република Северна Македонија, за јазик стои: македонски јазик, а за државјанство: македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. Сега имаме исклучително добри односи со Грција, и со тоа придонесовме да зајакне регионалната стабилност и да се поттикне развојот на Западен Балкан.

Премирот пред светската организација посочи дека Преспанскиот договор може да биде пример за целиот регион како со помош на дипоматија мозат да се надминат и на најтешките спорови.

„Немавме гаранции за успех. Успехот го постигнавме заедно со нашите колеги од Грција. Ова е пресвртница која треба да служи како катализатор на процесот на трансформација на Балканот. Таа може да послужи и како пример за надминување на тешки долготрајни проблеми, за кои се чини нема решение“, истакна Заев.

Зборувајки за евроатлантските аспирации премеирот го посочи и постигнатиот договор за добрососедство со Бугарија.

„Спогодбата од Преспа, заедно со Договорот за пријателство со Бугарија, го забрза нашето интегрирање во НАТО и ги отстрани најголемите пречки за наша интеграција во ЕУ“, додаде Заев.

Заев се осврна и на глобалните теми, климатските промени и феноменот на лажните вести.