Македонија
6. March 2019 - 17:15

Премиерот Заев прифати лидерска средба - со Мицкоски ќе ја кројат судбината на СЈО

Иднината на СЈО ќе се решава на лидерска средба. Премиерот Заев го прифати барањето на опозициската партија, за сите отворени прашања, реформските закони  и претстојните избори за шеф на државата да разговара со Мицкоски.

Секако, време е да оддржиме лидерска средба. Едно заради реформите и реформските закони во Собранието, второ, претстојните претседателски избори кои доааѓат. И трето, вредно е да се разговара за било кое отворено прашање. Јас секогаш давам шанса на дијалогот.  Дијалогот е од помош за нашата земја, за сите отворени прашања. Верувам дека во најскоро време ќе се одржи лидерската средба, како одговара и за шефот на опозицијата. Заедно ќе се прилагодиме, за да можеме да ја одржиме таа лидерска средба, нагласи Заев,

Катица Јанева вели дека новиот закон ќе овозможи континуитет во работењето на специјалното обвинителство, но не ја исклучува можноста некои од осомничените да се спасат од кривично гонење.

Може некој да се спаси, а некој може да биде плус обвинет. Но, ние во суштина сме задоволни што ни се  проширува надлежноста. Не сме ограничени само на бомбите бидејќи во периодот што го анализиравме сметаме дека има и други прекршувања на Кривичниот законик. Така можеби сега во одредени предистраги ќе отвориме и многу покрупни предмети од овие што ги имаме, појасни таа.

 Јанева потврди дека има остварено средба со опозицискиот лидер, но негира дека со Мицкоски се пазареле за одмрзнување на партискиот имот во замена за поддршка на новото законско решение.

Мислев дека е добро да се поразговара и да го замолам Мицковски да го поддржи доколку дојде до закон за СЈО со кое му се продолжува мандатот за неопределено време како дел од правосудниот систем, дека може да го разгледа тоа прашање во неговата партија за да може да изразат поддршка, изјави Јанева.

Министерката Дескоска тврди дека во новиот закон нема никаква скриена амнестија и дека СЈО ќе продолжи да гони висока корупција на носители на јавни функции.

Владата вчера експресно го испрати новиот закон до Собранието, но се уште нема обезбедено 2/3 мнозинство. Рокот за негово донесување истекува на 18 март, а во меѓувреме власта ќе преговара со сите помали и поголеми опозициски партии.